199 казни за брзо возење напиша полицијата на СВР Тетово

Сообраќајната полиција од СВР Тетово во текот на вчерашниот ден изрече 199 казни за брзо возење.. Сообраќајната контрола била извршена во периодот од 8 до 21 часот, а од казнетите 128 се на територијата на Тетово, а 71 возач е казнет на гостиварска територија.

„Од нив,123 мерки биле за пречекорување на пропишаната брзина надвор од населено место (ТЕ-71 и ГВ-52), меѓу кои 6 возила пречекориле за повеќе од 70 километри на час (ТЕ-4 и ГВ-2), а 35 возила до 70 километри на час (ТЕ-26 и ГВ-9). Покрај ова, биле санкционирани и 76 пречекорувања во населено место (ТЕ-57 и ГВ-9), од кои 4 (ТЕ) до 50 километри на час, како и 33 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-21 и ГВ-12).

СВР Тетово повторно апелира до возачите да ја прилагодат брзината според важечките правила и прописи и условите на патот и непосредно да придонесат за посигурни патишта на подрачјето.Ова, уште повеќе што од скоро започна период на зголемена сообраќајна фрекфренција, а која наредните денови значително ќе се интензивира, посебно на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје, но и на околните регионални патишта и тетовските и гостиварските улици“, соопштија од СВР Тетово.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе