„Од нив,123 мерки биле за пречекорување на пропишаната брзина надвор од населено место (ТЕ-71 и ГВ-52), меѓу кои 6 возила пречекориле за повеќе од 70 километри на час (ТЕ-4 и ГВ-2), а 35 возила до 70 километри на час (ТЕ-26 и ГВ-9). Покрај ова, биле санкционирани и 76 пречекорувања во населено место (ТЕ-57 и ГВ-9), од кои 4 (ТЕ) до 50 километри на час, како и 33 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-21 и ГВ-12).
СВР Тетово повторно апелира до возачите да ја прилагодат брзината според важечките правила и прописи и условите на патот и непосредно да придонесат за посигурни патишта на подрачјето.Ова, уште повеќе што од скоро започна период на зголемена сообраќајна фрекфренција, а која наредните денови значително ќе се интензивира, посебно на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје, но и на околните регионални патишта и тетовските и гостиварските улици“, соопштија од СВР Тетово.