196 сообраќајни прекршоци во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, при тоа на територијата на град Скопје изречени се вкупно 196 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции.

Изречени се и 25 мерки за возење без возачка дозвола, 16 санкции за возење под дејство на алкохол, шест за користење мобилен телефон, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за возач почетник, 10 за нерегистрирани и технички неисправни возила...

„Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, наведуваат од МВР.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе