184 казни за сообраќајни прекршоци во Скопје

Вкупно 184 мерки изрече вчера полицијата на територијата на град Скопје, а од нив 25 се за возење повеќе од дозволената брзина, 38 за возење под дејство на алкохол, 18 за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл и 16 за возење без возачка дозвола.

Како што информира МВР, изречени се и шест мерки за користење на мобилен телефон, три за нерегистрирани возила, пет за прекршоци што ги прават пешаците, девет за недевање првенство на минување на пешаци, како и пет за возач почетник.

Засилените акциски контроли продолжуваат, а МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

 

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе