Сообраќајна контрола

18 возачи под дејство на алкохол казнети во Скопје

Сообраќајната полиција во Скопје вчера им напиша казни на 18 возачи кај кои било детектирано дека возат под дејство на алкохол. За разни сообраќајни прекршоци казнети се вкупно 174 лица.

За брзо возење казнети се 49 возачи, а 10 лица возеле  без возачка дозвола.

Изречени се и 18 мерки за недавање првенство на минување на пешаци, 17 за прекршоци што ги прават пешаците, осум мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, шест за користење на мобилен телефон, пет санкции за возачи-почетници, три за нерегистрирани возила, инфрмираат од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Римскиот политичар и филозоф, Марк Тулиј Цицерон, во I век пред н.е. укажал дека „кога немате основа за аргумент, злоставувајте го тој што ве обвинува“.

повеќе

Со појавата не енергетската криза многу земји отстапија од зацртаните планови за намалување на емисиите на стакленички гасови.

повеќе

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе