Во Штип

18 - годишник насилно од жени одземал златен накит

Осумнаесет - годишниот Е.А. од Штип е уапсен по две извршени тешки кражби на разбојнички начин. Како што информираат од МВР, насилно од жени одземал златен накит.

„По преземени мерки и добиени оперативни сознанија, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Е.А.(18) поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело 'разбојништво' и кривично дело 'тешка кражба' на дрзок начин извршени на 16 септември. Со употреба на физичка сила од две возрасни жени тој одзел златeн накит“, велат од МВР.

По претресот биле пронајдени и одземени парични средства со кои Е.А. се стекнал од продажбата на украдените златни предмети.

За овој случај е информиран јавен обвинител и ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе