178 „сообраќајни“ казни во Скопје

Во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, полицијата во Скопје вчера изрече вкупно 178 мерки, меѓу кои 29 за возење повеќе од дозволената брзина, 18 за возење без возачка дозвола и 15 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

Изречени се и 14 мерки за користење мобилен телефон, девет за некористење сигурносен појас, шест за нерегистрирани возила, четири за технички неисправни возила во јавниот превоз, како и седум мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла).
Засилените акциски контроли продолжуваат, а МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе