Исто така, изречени се 13 мерки за користење мобилен телефон, 12 за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум за некористење сигурносен појас, девет мерки за непрописно престигнување и обиколување, како и шест мерки за непочитување на првенство на минување.
Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.