На територија на град Скопје казнети се 29 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина, 11 лица се казнети затоа што немале возачка дозвола, а 15 санкции се изречени за недавање првенство на минување на пешаци.
Казнети се и 10 пешаци поради минување на улица на недозволено место или додека било вклучено црвено светло на семафорот за нив.
Изеречени се и казни за тројца сопственици на возила кои ги затемниле стаклата, четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, три санкции за возење под дејство на алкохол, тројца возачи се казнети затоа што поминале на црвено светло.
За непрописно паркирање напишани се 40 казни.