17 станари вдишале чад во пожар на возила во Чаир, во болница се 2 деца

Четири возила ноќеска се изгорени во пожар кој избувнал во подземните гаражи на улицата „Седма албанска бригада" во Чаир, соопшти МВР. Во пожарот 15 станари вдишале чад и им била укажана лекарска помош на лице место и сите се во добра здравствена состојба, а 2 деца биле пренесени на Клиниката за токсикологија на опсервација.

Соред пријавата во СВР Скопје, пожарот се случил околу 3 часот по полноќ кога опожарени биле автомобил ауди со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.Б., опел астра, со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.К. и фолксваген пасат, со скопски регистарски ознаки, додека оштетено било и возило бмв, со скопски регистарски ознаки.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а од екипа на Итна медицинска помош била укажана помош на лице место на 15 станари кои вдишале чад и сите се во добра здравствена состојба, додека две деца, поради вдишување чад биле пренесени на опсервација во Клиника за токсикологија.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе