Сообраќајна „дрегер“ контрола

17 пијани возачи „фатени“ во Тетово, 15 во Струмица, 11 во Битола...

Во текот на ноќта, во временскиот период од 22 до 4 часот, сообраќајната полиција организираше акција за тестирање на возачи со „дрегер“, уред за откривање на присуство на алкохол. Кај вкупно 123 возачи низ земјава е утврдено дека возеле во алкохолизирана состојба - 17 возачи во Тетово возеле под дејство на алкохол, 15 на територијата на СВР Стрмица, 11 во Битола. Во Скопје во истиот временски период беа „фатени“ 23 возачи, информира МВР во новото соопштение.

МВР информира дека возачите се исклучени од сообраќајот и дека им се изречени санкции според Законот за сообраќајни прекршоци.

Воедно, МВР информира дека за време на сообраќајните контроли казнувани се возачи и за други прекршоци.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе