17-годишник излетал од пат, во возилото повредени уште петмина

Вчера на автопатот Скопје-Велес, во близина на надвозниот кај село Ржаничино, патничко возило „бмв", со скопски регистарски ознаки, сопственост на Л.Н., а управувано од неговиот 17-годишен син од сeло Огњанци, скопско, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, а со телесни повреди се здобиле сопатниците З.Ж. (19), М.Д. (19) и уште тројца малолетни сопатници, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Скопје.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе