16 мигранти пронајдени во возило на локалниот пат Св.Николе – Куманово

На локален пат Св.Николе – Куманово, синоќа во населба Доброшане, полициски службеници на Одделот за гранични работи и миграции дале наредба за сопирање на патничко возило „опел зафира", со струмички регистарски ознаки, но истото со зголемена брзина го напуштило местото на настанот.

Набрзо потоа во близина на бензинска пумпа на патот кон Крива Паланка возилото било најдено запрено, а во него биле пронајдени 16 лица мигранти (13 од Пакистан, двајца од Авганистан и еден од Сирија).

Лицата се сместени во ПЦС Скопје и ТЦ Табановце за понатамошна постапка. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе