Струмица-Радовиш

16-годишен возач предизвикал тешка сообраќајка

Малолетник од Струмица предизвикал сообраќајка на магистралниот пат Струмица-Радовиш. 

Вчера околу 17.40 часот на магистралниот пат Струмица – Радовиш, патничко возило „пежо“, со штипски регистарски ознаки, управувано од 16 - годишен малолетник од Струмица, излетало надвор од патот.

Во незгодата, сопатниците А.О.(20) и 13-годишен малолетник, двајцата од Струмица, се здобиле со тешки телесни повреди, додека возачот и уште двајца малолетни сопатници, на возраст од 14 и 15 години, двајцата од Струмица, се здобиле со телесни повреди.

Тие биле пренесени во Клинички центар Штип за укажување на лекарска помош.  Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Радовиш.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе