16-годишен моторциклист загина во сообраќајка во Куманово

Шеснаесетгодишен моторциклист загина вчера во сообраќајна несреќа кај кумановското село Доброшане. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Куманово.

„Вчера во 22,05 часот било пријавено дека на регионален пат Куманово-Свети Николе, кај с.Доброшане,кумановско се случила сообраќајна незгода во која учествувале моторцикл „јамаха", управуван од 16- годишен малолетник од с.Доброшане, патничко моторно возило „БМВ" со кумановски регистарски ознаки управувано од М.М.(24) од Куманово, кој првично го напуштил местото на настанот, а потоа сам се пријавил во СВР Куманово и паркирано патничко моторно возило„југо" со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Т.Т. од Кумново. Во незгодата возачот на моторциклот починал на лице место, а од екипа на итна медицинска помош била констатирана смрт“, велат од полицијата.

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе