15-годишно момче нападнато од група малолетници додека шетал со девојката

Рано утрово во 3 часот С.К.(41), пријавил дека на вчеравечер, 11 октомври, околу 21.30 часот на ул.„101" во село Волково, физички бил нападнат неговиот 15-годишен син од страна на десеттина лица на возраст од околу 13 до 17 години.

Имено, велат од полицијата, додека малолетниот се движел по улица заедно со неговата девојка лицата му пришле од позади и физички го нападнале удирајќи го со боксови и клоци, во пределот на главата и телото, при што се здобил со телесни повреди, констатирани од страна на лекар во Ургентен Центар Мајка Тереза – Скопје.

Скопската полиција презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Пораката на амбасадорот Бејли среде Скопје, јас не ја сфатив како шлаканица врз ДИК и нивните неодговорни членови (за наша несреќа едногласни во мислите и менталната матрица)!

повеќе

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе