МВР

13 возачи казнети за користење мобилен телефон

Осум лица се здобиле со полесни телесни повреди во седум од вкупно десет сообраќајки што се случиле во текот на вчерашниот ден во Скопје, а во три била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Четворица возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца кои поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи за неправилно престројување, двајца за неправилно престигнување и тројца возачи не поседувале пропишана зимска опрема во возилата. Тринаесет возачи биле казнети поради користење мобилен телефон.

Од сообраќај биле исклучени вкупно четири возачи, сите пред да се стекнат со право на управување со возило. Полицијата исклучила од сообраќај седум возила, од кои шест биле нерегистрирани, а едно претоварено.

Затекнати биле 74  непрописно паркирани возила, а со помош на  специјалното возило пајак, отстранети биле 75 возила.

Миграција со достоинство (#WithDignity) е темата на Меѓународниот ден на мигрантите 2018 година, кој го одбележуваме во вторник (18 декември).

повеќе

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе