Во сообраќајните незгоди, како што информира МВР, три лица се здобиле со тешки телесни повреди и 12 лица се здобиле со телесни повреди. Во истиот период „фатени“ се 55 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај се исклучени 42 возачи од кои: 13 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 27 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 29 возила, бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се девет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, седум возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца поради неправилно престројување и двајца возачи поради неправилно престигнување.
Во однос на пешаците санкционирани се тројца пешаци поради поминување на коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 146 мандатни платни налози и 72 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.