13 лица, од кои 11 мигранти, се повредени во сообраќајка вечерва во близина на штипското село Лакавица

Тринаесет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случи вечерва во близина на штипското село Лакавица во која чествувале две возила, од кои во едното се превезувале мигранти, објави МИА.

Портпаролот на СВР Штип Гордана Панајотова потврдува дека во несреќата учествувале две возила, меѓутоа повеќе детали како се случила не може да даде, бидејќи во тек е увидот од страна на истражните органи.

Директорот на Клиничка болница Штип, Ален Георгиев изјавил дека во болницата се хоспитализирани 13 лица, од кои 11 се мигранти и двајца се македонски државјани.

Според она што му е презентирано од страна на дежурните лекари, прв впечаток е дека ниту еден од повредените не е во животозагрозувачка состојба, но во тек се прегледите и снимањето со цел да им се утврдат повредите.

Првично станува збор за мигранти од Пакистан, а мигрантите кои се во моментов во болницата во Штип ќе бидат примени на две одделенија, на ортопедија и на хирургија. Георгиев вели дека во текот на ноќта мигрантите ќе бидат и тестирани за ковид-19.

Повеќе детали околу несреќата се очекува вечерва или во текот на утрешниот ден.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе