12 мигранти откриени во српски „мерцедес“ што се превртел кај Градско, бегајќи од полиција

Дванаесет мигранти се откриени утрово во превртено возило „мерцедес“ со српски регистерски ознаки, а возачот кој се обидел да ѝ избега на полицијата бил приведен, информира МВР.

Утрово околу 06.00 часот, на излезот од Градско, полициски службеници од Регионален центар Југ - Полициска станица за граничен надзор Михајлово во координација со ОВР Неготино го лишиле од слобода М.Ф.(23) од Голем Дол, Прешево, Р. Србија, кој управувал патничко возило „мерцедес", со српски национални ознаки поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти".

Во 05.30 часот кај клучка Демир Капија, возилото било забележано и на даден знак за сопирање од полициски службеници возилото не застанало, туку ја зголемило брзината и се упатило кон Неготино, а потоа кон Градско. На излезот од Градско М.Ф. изгубил контрола и возилото се превртело. Покрај возачот, во возилото биле пронајдени 12 лица мигранти. Две од лицата се пренесени во болница во Велес за укажување на лекарска помош.

 Во врска со н“станот лишен од слобода е и Ј.А. од Прешево, кој управувал патничко возило „пасат“, со српски национални ознаки, кој бил претходница.

За настанот е известен Јавен обвинител, а против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.  

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе