За време на сообраќајните контроли во Скопје вчера биле казнети 116 учесници во сообраќајот, од кои 15 за возење без возачка дозвола, 5 за нерегистрирани возила, исто толку казни за брзо возење, како и за минување на црвено светло. Казенети се и шест возачи кои употребувале мобилен телефон за време на возењето.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.