11 килограми марихуана најдени во автомобил на „Богородица“

Единаесет килограми марихуана се пронајдени при преглед на патничко возило вчера попладне на граничниот премин Богородица, при што е приведен возачот, 26 – годишен албански државјанин.

На Граничен премин „Богородица" вчера во 15 часот од слобода бил лишен М.М (26) од Република Албанија, кај кого при преглед на патничко моторно возило„мерцедес Е270", со албански национални ознаки, во специјално направен бункер службеници на Царинската управа пронашле 13 пакувања марихуана, со вкупна тежина од 11 килограми.

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе

Перењето пари преку трансакции со недвижнини ги интегрира црните фондови во економијата, притоа обезбедувајќи сигурна инвестиција.

повеќе