108 казни за сообраќајни прекршоци во Скопје

Во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, полицијата во Скопје вчера изрече вкупно 108 мерки, меѓу кои 5 за возење повеќе од дозволената брзина, 12 за возење без возачка дозвола и пет за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Исто така, изречени се шест мерки за користење на мобилен телефон, четири за возење под дејство на алкохол, шест за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет за недавање првенство на минување на пешаци, како и шест мерки за возач почетник.
Засилените акциски контроли продолжуваат, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

 

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе