107 км на час регистрира ноќниот радар во населено место

МВР со медиумите сподели фотографија направена од ноќен радар во моментот кога се регистрира возило кое во населено место се движи со 107 километри на час. Вкупно казнети за брзо возење се 111 возачи.

При контрола на сообраќајната полицијата со радар за ноќни услови вчера од 21 часот до полноќ сообраќајната полиција санкционирала 111 возачи кои возеле над дозволеното, соопшти МВР и информира дека од нив, две возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

При тоа 69 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 42 надвор од населено место.

Полицијата најавува дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе