Трагедија во Хрватска

10 мртви во сообраќајната несреќа кај Славонски Брод, излетал косовски автобус

Во сообраќајната несреќа која се случила рано утрово на автопатот кај Славонски Брод, Хрватска, загинаа најмалку 10 лица. Хрватската полиција најпрво јави дека се работи за излетан македонски автобус, а според последното нивно известување станува збор за косовски автобус кој сообраќал на релацијата Приштина-Франкфурт.

По интервенцијата, медицинските екипи потврдиле дека има загинати 10 патници, а не тројца како што беше првично јавено. Десетина лица се тешко повредени и тие се пренесени во болницата во Славонски Брод.

Увидот на местото на настанот се уште трае. Сообраќајот на автопатот А3 Брегана – Липовац е во прекин.

Фото: Дневник.хр

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе