Црна хроника

Активен пожар вечерва има во селото Коњаре, општина Петровец, информираат од Противпожарната единица од Скопје.

18 Септември 2019 - 21:57

Седуммина мигранти од Авганистан биле пронајдени ноќеска во возило пред патарината кај Градско и префрлени се во Прифатниот центар Винојуг кај Гевгелија, информира МВР. 

18 Септември 2019 - 18:16

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово до ОЈО Берово поднесе кривична пријава против О.М.(31) и В.М.(49), двајцата од с.Двориште, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста” и против В.М.(52) од с.Двориште, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие”. 

18 Септември 2019 - 16:50

СВР-Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава број против С.З.(51) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа”, казниво по член 378, став 3 во врска со член 45 од Кривичниот законик. 

18 Септември 2019 - 16:46

Ноќеска околу 1 часот после полноќ во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во с.Житоше, прилепско, настанал пожар во пилана, сопственост на Б.Ш., во кој биле опожарени градежен материјал и огревни дрва. 

18 Септември 2019 - 16:33

Вчера во 12.45 часот на крстосница од бул.„Словенија“ и ул.„Качанички пат“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(23) и патничко моторно возило „хјундаи И30“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.В.(51), и двајцата од Скопје.

18 Септември 2019 - 12:12

Вчера околу 15.00 часот во атарот на с.Горна Бањица, гостиварско, полициски службеници во координација со претставници од ЈП„Национални шуми“ и на Шумска полиција, ги затекнале А.И.(47), А.Ќ.(43), М.С.(47) и К.Б.(51) од селото, кои на трактор товарале огревни дрва за кои не поседувале документи.

18 Септември 2019 - 11:50

Синоќа во 20.30 часот, на кејот на реката Вардар, во близина на мостот „Близнаци“, М.М.(28) од Скопје, управувајќи мотоцикл „БМВ“, изгубил контрола и паднал во реката.

18 Септември 2019 - 11:47

Вчера во 22.55 часот полициски службеници од СВР Скопје, на ул.„Јордан Мијалков“, го привеле Д.Р.(25) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

18 Септември 2019 - 11:36

Триесет и едногодишен скопјанец починал откако во него синоќа удрил воз додека се движел на пругата пред надвозникот на булевар „Србија“ во Скопје, потврдија  од Министерството за внатрешни работи.

18 Септември 2019 - 10:28

Триесет и едногодишен скопјанец починал откако во него синоќа удрил воз додека се движел на пругата пред надвозникот на бул. „Србија" во Скопје, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.

18 Септември 2019 - 09:34

Во врска со наводите во некои медиуми за вклученост на 14-годишното девојче од Штип во мрежа на малолетничка проституција во земјава и во една земја во странство, началникот на Одделението за информации од јавен карактер во МВР Сузана Праниќ за МИА рече дека работат на случајот, но во интерес на истрагата не можат да соопштат детали.

17 Септември 2019 - 18:32

Вчера во 11.30 часот во населба Плитишта-Струга се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Е.Б.(65) од село Боровец, струшко, и велосипед управуван од М.К.(65) од Струга.

17 Септември 2019 - 12:04

Петмина мажи од Скопје, на различна возраст се уапсени вчера под сомнение дека незаконски поседувале наркотици.

17 Септември 2019 - 12:00

Полицијата во Пожаревац, Србија, уапси 29-годишен државјанин на Северна Македонија за поседување нелегално оружје и загрозување на сигурноста.

17 Септември 2019 - 11:50

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе