Жените го избраа својот автомобил на годината – мазда 3 (ФОТО)

На саемот на автомобили во Дубаи беше објавено името на светскиот автомобил на 2019 година во избор на жените.

Престижната титула ја доби јапонскиот компакт мазда 3, кој беше прогласен и за семеен автомобил на годината.

Мазда 3 триумфираше во силна конкуренција во која беа и БМВ серија 3, тесла модел 3 и ауди Е-трон.

Во конкуренција за женски градски автомобил триумфираше киа ексид, компактниот кросовер со спортски изглед.

Киа ја доби и наградата во категоријата женски „зелен“ автомобил на годината со моделот соул ЕВ.

Што се однесува до преостанатите категории, БМВ серија 8 е избрана за луксузен автомобил на годината, порше 911 за најдобар автомобил со спортски перформанси, а ренџ ровер ивок за кросовер на годината.

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе