Збогум фиеста – Форд го пензионира популарниот модел по 47 години производство (ФОТО+ВИДЕО)

Форд официјално потврди дека ќе го укине моделот фиеста во јуни 2023. Наместо легендарниот модел кој се произведуваше речиси половина век, компанијата планира да произведува електрична пума.

 

Дали малиот кросовер ќе биде соодветна замена за градскиот автомобил ќе покаже пазарот.

Со укинување на релативно евтиниот модел, на оние кои немаат пари за расфрлање им се скратува маневарскиот просто уште повеќе бидејќи губат еден поволен модел, а добиваат значително поскапо електрично возило.

Фиестата беше претставена во 1976 година, а нејзините девет генерации се продадени во околу 18 милиони примероци.

Производството во моментов е во Келн, а Форд објави дека од фабричките ленти моделот ќе излегува до летото следната година и тоа само верзијата со 5 врати. Компанијата ќе прима нарачки сè додека не се продадат планираните примероци.

Крајот на производството на фиестата ќе означи и крај на производството на моторите со внатрешно согорување во една од најважните фабрики на Форд надвор од САД.

Фабриката во Келн ќе се трансформира во центар за електрифицирани возила.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе