Заминувањето на „кралицата на Нирбургринг“: почина Сабине Шмиц (ВИДЕО)

Легендарната Германка, позната по својата умешност на тркачката патека, но и шармот како ТВ водителка, умре на 52 години по долга битка со ракот.

EPA-EFE

Сабине стана пошироко позната благодарение на појавувањето во популарната автомобилска серија Топ гиар на Би-би-си.

Минатата година таа откри дека се бори со ракот од 2017 година, а веста за нејзината смрт беше објавена на интернет страницата на легендарната германска патека Нирбургринг.

„Нирбургринг ја изгуби својата најпозната возачка. Сабине Шмиц почина прерано по долго боледување. Ќе ни недостига нејзиниот весел карактер. Почивај во мир Сабине“, се наведува.

Сабине во 2020 година на социјалните мрежи откри дека не настапува во трката Нурбургринг ендјуранс сирис поради борбата со ракот.

Таа порасна на легендарната патека поради што и го доби прекарот „кралицата на Нирбургринг“, откако на неа извози повеќе од 20.000 круга.

Беше позната како „најбрзата возачка на такси“ во светот, возејќи патници по оваа патека во БМВ М5.

Во серијалот Топ гиар за првпат се појави во 2004 година со Џереми Кларксон, а по неговото заминување во 2016 се приклучи на новиот тим.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе