Забрзувањето на новиот родстер на Тесла ќе ве остави со подотворена уста (ВИДЕО)

Пред нешто повеќе од една година Тесла ги изненади сите со претставување на новата генерација на моделот родстер во форма на прототип.

Оттогаш во неколку извештаи се тврдеше дека сериската верзија може да биде уште побрза. А новиот родстер веќе е способен за неверојатни перформанси.

Според компанијата на Илон Маск, моделот најавен за 2020 година има перформанси на хиперавтомобил: 0-100 км/ч за само 2,1 секунда и од 0-160 км/ч за 4,2 секунди, како и максимална брзина поголема од 400 км/ч.

Тесла најави дека основниот модел ќе чини 200.000 долари во САД, што изгледа многу, но имајќи ги предвид перформансите слични на автомобилите што чинат пет (или повеќе) пати повеќе, некако има логика.

Она што е најинтересно е што перформансите не се добиени на сметка на радиусот на возење со едно полнење, па така новиот родстер може да помине речиси 1.000 километри со „еден резервоар“, односно едно полнење на батериите од 200 киловат часови.

Но, главниот адут на родстерот на Тесла е забрзувањето, и тоа е тоа што го покажува најновото видео. Снимено минатата година при претставувањето и објавено неделава од страна на Тесла, ги покажува реакциите на оние кои од прва рака го доживеале вџашувачкото забрзување.

Неопходно е да се надминат бариерите кои во моментов се присутни во регулаторната, политичката, финансиската и пазарната рамка и кои го кочат напредокот кон обновливите извори на енергија.

повеќе

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе