Шкода фелиција фан

Забавниот и паметен пикап на Шкода (ФОТО+ВИДЕО)

Шкода фелиција фан се изработуваше од 1995 до 2000 година и имаше едно многу интересно дизајнерско решение.

Чешката компанија моделот фелиција (вториот пат) го претстави во 1994 година како нов адут во посткомпактниот автомобилски сегмент, по претходникот фаворит.

Автомобилот ја делеше механичката платформа со фолксваген кеди, па беше логично на купувачите да им се понуди и лесно комерцијално возило на основа на патничкото. Набрзо стигна пикапот со отворен и затворен товарен простор, за на саемот на автомобили во Женева во 1995 да дебитира и забавната варијанта – шкода фелиција фан.

Меѓутоа, за разлика од обичниот товарен пикап, кој имаше само возачко и совозачко седиште, верзијата фан имаше интелигентно решение со склоплива задна клупа, па можеа да се возат четири лица.

Задната клупа беше склопена во просторот меѓу предните седишта и преградата што го дели патничкиот и товарниот дел, а кога ќе се расклопеше, пикапот се претвораше во полукабриолет, бидејќи патниците на задните седишта седеа под отворено небо.

Фелиција фан беше долга 4.245 милиметри, широка 1.680 и висока 1.465 милиматри, а меѓуоскиното растојание изнесуваше 2.450 мм.

Во споредба со хечбек верзијата растојанието од тлото беше поголемо за 60 милиметри, а патниците дополнително беа заштитени со рол-бар.

Шкода фелиција фан се произведуваше до август 2000 година, а за пет години во фабриката во Врхлаби беа изработени 4.016 примероци од овој модел.

Купувачите можеа да бираат меѓу два бензински мотори – 1,3-литарски со 68 коњски сили и 1,6-литарски со 75 коњски сили, како и еден дизелаш со 64 коњски сили.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе