За директорот на Форд покачување од милион долари, за работниците 5.000 откази

Американскиот автомобилски гигант Форд објави колку заработиле првите луѓе на компанијата во 2018 година. Петмината најплатени директори на американската компанија во текот на минатата година добиле 51,7 милиони долари.

Особено впечатлива е заработката на извршниот идректор Џим Хекет, кој инкасирал 17,8 милиони долари, односно еден милион долари повеќе од претходната година, а речиси 2 милиони повеќе во однос на 2016.

Од неговата заработка фиксната плата е 1,8 милиони долари, додека 12,7 милиони се дивиденда од акциите, а 2,6 милиони дел од компензациите на поттикнувачкиот план, и 617.999 доаѓаат од „останати компензации“.

Хекет има 276 пати поголема плата од просечната заработка на работник на Форд во САД.

Што се однесува до другите директори, Бил Форд заработил 13,8 долари, Боб Шенкс 13,8, Џим Фарли 5,9, а Џо Хајнрихс 5,8.

Просечната компензација за постојано вработените работници во Форд изнесувала 64.316 долари, но јасно е дека обичните работници добиле значително помалку од таа сума, имајќи предвид дека просекот поприлично „го влечат“ директорските плати и компензации.

Овие податоци се особено интересни имајќи предвид дека Форд неодамна најави отпуштање на дури 5.000 вработени во европските погодни во Германија и Британија, како дел од планот за реструктуирање на бизнис целите во Европа.

Целта на Форд е значително намалување на структурните трошоци, намалување на бирократијата, зајакнување на менаџментот и елиминација на помалку вредниот труд.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе