Порше Македонија

Врвни перформанси, максимално доживување: Порше роуд тур 2022 (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Порше Македонија повторно организираше доживување за паметење. Со дванаесет автомобили на легендарната германска спортска марка беа поминати повеќе од 1.400 километри во петдневно искуство низ Скопје и источниот дел од Македонија, минувајќи низ прекрасни планински предели исполнети со остри свиоци каде вистинските квалитети на Порше моделите доаѓаат на свое.

 

Годинешниот празник на сетилата започна од Порше центарот во Скопје, каде бевме пречекани од професионалните инструктори на Порше, бренд менаџерот на Порше Винко Марашевиќ и останатите претставници на Порше Македонија. По краткото запознавање со возилата и безбедносниот брифинг, го почнавме возењето кон финалната дестинација – Винарија Лазар преку Штип и Неготино.

Лидер на конвојот беше новиот 911 турбо С кој со своите моќни 650 коњски јасно ја покажа својата доминација во сите временски услови. Зад него, следеа 718 ГТС верзиите на кајман и бокстер со 4-литарски 6-цилиндричен атмосферски боксер мотор кој испорачува импресивни 400 коњски сили. ГТС верзијата на новиот 911 ја комплетираше посакуваната конфигурација на двоседите, и, според моето скромно мислење, се истакна како совршен модел за возачките мераклии. Новата панамера ГТС спорт туризмо е следниот претставник на практичноста кај спортските модели на Порше, додека турбо С е-хибрид варијантата е главниот претставник на несопирливата моќ на Panamera. Претставници на кросоверите беа новите кајен е-хибрид купе, кајен турбо С е-хибрид купе и најбрзиот кросовер на планетата – турбо ГТ со 640 коњски сили и забрзување до 100км/ч за 3,3 секунди. Во вратот му дишеа добро познатиот макан С и електричните ремек дела тајкан турбо С и тајкан турбо С крос туризмо, двата со моќност од 761 коњска сила и забрзување до 100 км/ч за 2,8 и 2,9 секунди.

Настанот траеше пет дена и беше поделен во посветени денови за пет различни категории на клиенти според класификацијата на брендот Порше. За истакнување е денот посветен на Жените возачи (Driven Females Day), каде дамите, според инструкторите на Порше, исклучително импресивно ги покажале своите врвни возачки способности според сите строги критериуми на компанијата.

Нов дел од овогодинешниот возачката тура е присуството на новооснованиот Порше клуб Македонија и нивните членови кои беа дел од овој настан. Членовите ја покажаа својата љубов кон брендот и имаа одлична можност да ги тестираат новите модели од понудата на германскиот производител на спортски автомобили.

По пристигнувањето во винаријата Лазар, електричните тајкан турбо С и турбо С крос туризмо едноставно ги надополнија своите батерии на полначите (Porsche Destination Chargers) додека гостите беа дел од винската тура организирана од домаќините низ петте дена во винаријата.

Како дел од долгогодишната глобална соработка помеѓу Порше и брендот за часовници ТАГ хојер, по пристигнувањето во Винаријата Лазар, гостите беа пречекани од страна на претставници на „Божиновски“ кои ексклузивно го презентираа новиот часовник ТАГ хојер карера порше хронограф спешал едишн.

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе