Англија

Возел 209 км/ч и ѝ кажал на полицијата дека бега од коронавирусот

Англиската полиција сопрела мотоциклист кој возел со брзина од дури 209 км/ч.

Секој возач се обидел барем еднаш во животот со изговор да се извлече од непријатна ситуација, и најчесто изговорот не го спасил.

Англиската полиција сопрела на автопат мотоциклист кој возел со брзина од 209 км/ч и кога го прашале зошто возел толку брзо, добила интересен одговор:

„Бегав од коронавирусот. Мислев дека се помали шансите да се заразам ако возам побрзо“, кажа моторџијата, кој секако дека ќе бида казнет за тоа што го направил.

Утредента на полицајците им се случила уште еднаш интересна ситуација.

Возач на автомобил од марката БМВ возел по автопатот со брзина од 273 км/ч, а кога полицијата го сопрела имал спремен изговор:

„Бегав од жената и децата. Не очекував тоа да биде проблем“, кажал господинот кој исто така ќе биде казнет.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе