Унгарија

Возач на ауди брзо сфаќа дека „кватрото“ не работи под вода (ВИДЕО)

Системот на Ауди за погон на сите четири тркала кватро е дефинитивно многу добар, но очигледно не може да се справи со поплавен подвозник.

Screenshot

Иако тоа би требало да биде логично, речиси секогаш кога има поплава некаде се наоѓа некој што мисли дека може да помине.

Во овој случај тоа е сопственик на ауди А7 кој решава да си ја проба среќата. Како што може да се види на снимката, влегува во водата со брзина и набрзо се тргнува на лошо.

Откако минува еден дел од водата, предниот дел тоне надолу. Задниот дел испливува и автомобилот е фатен од брановите што самиот ги предизвикува. Потоа почнува да се ниша, пред да удри за задниот дел во ѕидот.

Подвозникот наводно бил затворен во то време и останува нејасно што се случило потоа. Унгарски Индекс јави дека подвозникот има проблем со истекување на водата и се поплавил неколку дена пред да се случи инцидентот со автомобилот на 17 јуни.

Според истиот извор, подвозникот се наполнил со вода по обилен дожд. Неколкумина се обиделе да се пробијат, но повеќето заглавиле, вклучувајќи возач на БМВ кој потоа морале да го спасуваат пожарникари. „Старо сузуки“ успеало да помине, но порталот јавува дека тогаш „немало толку многу вода како на видеото“.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе