Волво целосно ќе се префрли на производство на електрични автомобили до 2030 година

Сопственикот на Волво, кинески Џили, објави вчера дека до крајот на деценијата шведската марка целосно ќе премине на електрични возила.

Со планот е предвидено постепено укинување на сите автомобили со мотори со внатрешно согорување, вклучувајќи ги и хибридите, и ќе продава исклучиво електрични возила до 2030.

„Транзицијата на компанијата кон тоа да стане произведувач на целосно електрични автомобили е дел од амбициозниот план кој има врска со климатските промени“, соопшти Волво.

Компанијата се труди да продолжи со доследното намалување на емисиите на јаглерод-диоксид во текот на животниот циклус на автомобилите.

Амбициозниот план за 2030 претставува забрзување на стратегијата за електрификација на компанијата Волво, водена од растот на побарувачката за нејзините електрифицирани автомобили во последните години, но и со цврсто уверување дека пазарот за автомобили со внатрешно согорување е сè помал.

Компанијата најави и дека своите целосно електрични модели ќе ги продава преку интернет.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе