Тизер

Во стилот на октавијата: Новата фабија ќе добие централен дисплеј како таблет (ФОТО)

Шкода ни овозможи да ѕирнеме во внатрешноста на новата генерација на фабијата преку скица на ентериерот.

Чешкиот градски автомобил ќе добие дизајн инспириран од тој на новата октавија и волан со два краци кој изгледа идентично на тој на поголемиот брат.

На инструмент таблата ќе има два кружни отвори за вентилација на двата краја, стандарден 6,8-инчен централен екран на допир или опциски 9,2-инчен дисплеј, 10,2-инчни дигитални инструменти, нова централна конзола со копчиња од двете страни на рачката на менувачот и традиционална рачка за рачната сопирачка.

Префрлањето на Ем-кју-би-А0 платформата значи дека четвртата генерација на фабија ќе има повеќе простор во внатрешноста. Ќе биде и компатибилна со новите мотори на Фолксваген групацијата – ќе може да се бира меѓу 1,0-литарски атмосферски или турбо мотор со моќност од 65 до 110 коњски сили, или 1,5-литарскиот турбобензинец со 150 коњски сили.

Официјалната премиера е закажана за 4 мај.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе