Во новата фабрика на Фолксваген во Турција ќе се произведуваат фолксваген пасат и шкода суперб

Следната генерација на на фолксваген пасат и шкода суперб ќе се произведуваат во новата фабрика на групацијата во Турција, која ќе биде ловирана на западниот брег на земјата, веднаш до градот Измир.

Новата фабрика вредна 1,9 милијарди долари ќе има максимален годишен капацитет од 300.000 возила и се очекува да отвори околу 4.000 работни места, вклучувајќи ги и околните доставувачи, јавува Аутоњуз.

Во истиот извештај се наведува дека Фолксваген ја одбрал Турција за својата нова фабрика поради „позитивните макроекономски услови“ и локацијата среде пазарите во развој, повикувајќи се на интерен документ.

Околу две третини од годишниот производен капацитет ќе бидат за новиот пасат. Компанијата ќе го префрли производството на пасатот од својата фабрика во Емден во Германија, ослободувајќи го објектот за производство на електрични возила. Шкода исто така ќе ослободи голем дел од капацитетот во својата фабрика во Квасини, каде сега се произведува супербот.

Производството во новата фабрика се очекува да почне во 2022 година, а портпаролот на Фолксваген одби да коментира, изјавувајќи дека компанијата е во „финалните фази од преговорите“ и дека сѐ уште не донеле крајна одлука за фабриката.

Изборот на Турција за новата фабрика може да се покаже политички контроверзен за Фолксваген групацијата, поради тоа што ЕУ ја обвинува локалната влада за притисок врз слободата на изразување и правото на протест, пишува Ројтерс. Аргументот на Фолксваген, пак, е дека Турција е сѐ уште кандидат за членство во ЕУ.

Фолскваген групацијата се мислела меѓу Бугарија и Турција како локации за новата фабрика, пред да се реши за втората земја.

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе