Фиат фастбек

Во чекор со германските „тешкаши“, Фиат претстави купе-кросовер концепт (ФОТО+ВИДЕО)

Фиат фастбек концепт спаѓа во истиот простор меѓу стандардните категории каде што се заглавени БМВ Х6 или мерцедес ГЛЕ купе.

 

Италијанската компанија на автомобилскиот саем во Сао Паоло на публиката ѝ ја претстави концептната верзија на својот прв кросовер купе, кој во сериска верзија би требало да се појави во 2020 година.

Предниот дел на концептот фастбек личи на пикапот фиат торо, кој италијанскиот произведувач го претстави во 2015, наменет за јужноамериканскиот пазар, додека од профил и одзади заличува на БМВ Х6 и мерцедес ГЛЕ купе.

Фастбек е пред сѐ дизајнерска студија, чија цел е јавноста да се подготви за идниот сериски модел наменет за пазарите во Јужна Америка.

Затоа на саемот во Сао Паоло не беа соопштени никакви детали за моторите на автомобилот или дури технички спецификации.

Фиат најави дека во следните 5 години ќе вложи 2,12 милијарди долари во моделите наменети за купувачите во Бразил, а се планира претставување на дури 15 модели до 2023 година.

Во дипломатијата како гранка од јавно политичкиот живот професионалните кадри треба да бидат повеќе застапени од политичките.

повеќе

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе