Редизајнирана легенда

Вака ќе изгледа новиот дифендер на Ленд ровер (ФОТО)

На интернет се појави фотографија која некој ја направил од дигиталните инструменти на новиот дифендер која овозможува да видиме како ќе изгледа новата генерација на култниот теренец.

Фотографијата потекнува од форумите на љубители на возилата на Ленд ровер и набрзо се најде на Твитер. На неа се гледа дигитализиран профил на новиот дифендер и покажува многу помодерен дизајн од претходниот.

Дизајнот не е големо изненадување и изгледа отприлика онака како што се предвидуваше. Новиот дифендер го задржува коцкестиот изглед и дел од острите рабови, но дефинитивно изгледа посовремен и покултивиран.

Новиот дифендер ќе добие нова верзија на МЛА платформата која ја имаат рејнџ ровер спорт и ленд ровер дискавери, а сѐ уште не се знае какви мотори ќе се најдат под хаубата.

Новиот дифендер ќе биде прикажан официјално во септември на автомобилскиот саем во Франкфурт.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе