Како тој на Џејмс Бонд

Украден е астон мартин ДБ5 од 1965, се нуди награда од 1.000 фунти

Прославен по улогите во филмовите за Џејмс Бонд, почнувајќи од „Голдфингер“ од 1964 па сѐ до најновиот „Нема време за умирање“, астон мартин ДБ5 е можеби еден од најпознатите автомобили на сите времиња.

Aston Martin Works

Се проценува дека во светот има останато само 123 примероци, а еден од нив бил украден на 18 јули годинава, во близина на Манчестер во Англија.

Произведен во 1965 и проценет на над 1 милион фунти, многу е сличен на оние од Бонд филмовите, и секој кој ќе даде валидна информација која би помогнала во неговото наоѓање – фотографија, снимка, па дури и каде бил виден автомобилот – може да добие награда од 1.000 фунти.

„Ова е невообичаена кражба среде бел ден. И младите и старите го знаат овој класичен автомобил, синоним за Џејмс Бонд.

Ова е возило кое се истакнува и сакаме да го зачуваме овој дел од британската историја и се надеваме на негово скоро наоѓање. Затоа и ја почнавме акција за помош во наоѓањето на овој култен автомобил“, изјави Нил Томас, шефот на британската полициска единица специјализирана за кражби и измами.

Легенда под Главна слика

Aston Martin Works

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе