Ауди А8 Л секјурити

Тврдина на четири тркала која чини 750.000 долари (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Најновата блиндирана лимузина на Ауди е наменета за државници, политичари, но и бизнисмени и ВИП личности кои сметаат дека им е потребно врвно ниво на заштита, без да прават компромиси со луксузот.

 

Станува збор за блиндирана верзија на продолжената луксузна лимузина на Ауди А8, а патниците кои се возат во овој автомобил можат да сметаат на заштита од огнено оружје од класата ВР9, додека стаклата ги задоволуваат безбедносните стандарди на класата10.

Возилото е тешко 3.875 килограми не само поради специјалните заштити на каросеријата, туку и поради дополнителната опрема.

Меѓу дополнителната опрема на автомобилот има и автоматски систем за гасење пожар. Системот е проектиран да го гаси пожарот доколку се појави под подот на возилото, во одделот околу тркалата, под хаубата или во делот каде што е сместен резервоарот со гориво.

Тука е и независниот систем за комуникација, заедно со специјално напојување, сместен во посебен блиндиран дел од багажникот.

Ауди наведува дека модификацијата на моделот А8 Л во секјурити изведбата се одвива во специјални работилници на компанијата, а за возилото целосно да се трансформира во блиндирана лимузина потребни се 400 работни часа.

Резултатот е луксузен автомобил отпорен на куршуми од снајпер, рачна бомба и оган од автоматско оружје.

Благодарение на ран-флет гумите, автомобилот може со дупнати гуми да помине 80 километри, движејќи се со брзина од 80 км/ч.

Доколку среде напад на штитената личност дојде до блокирање на вратите, возилото е опремено со мали експлозивни полнења во шарките кои се активираат одвнатре за на патниците да им се овозможи излегување од автомобило.

Покрај тоа, во случај на хемиски напад, автоматски се активира систем за спречување на навлегување на надворешниот воздух во кабината.

Иако овој модел официјално ја носи ознаката А8, под хаубата се наоѓа моторот од посилниот ауди С8. Тоа значи дека погонот се добива од 4,0-литарски твинтурбо V8 мотор кој дава дури 571 коњска сила и развва 800 њутнметри максимален вртежен момент.

Блиндираниот А8 Л од 0 до 100 км/ч забрзува за 6,3 секунди, што е за 2,5 секунди полошо време од регуларниот С8, додека максималната брзина е електронски ограничена на 210 км/ч.

Почетната цена на ауди А8 Л секјурити изнесува 750.000 долари, а германската компанија наведува дека возилото (во зависност од саканите дополнителни опции) се испорачува 3-6 месеци по извршената нарачка.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе