Трка полна со изненадувања: порше 911 против ауди Р8 против нисан ГТ-Р низмо против БМВ М850и (ВИДЕО)

Новото порше 911 пристигна и време е да се види како се „носи“ со дел од директните (и некои помалку директни) ривали во трка на 400 метри и со летечки старт.

Ако сте заинтересирани за некои од првите примероци на новиот „елфер“ (992) на пазарот, Порше во моментов ги нуди само карера С и карера 4С. И двата имаат 3,0-литарски шестцилиндерски турбомотор со 450 коески сили во комбинација со осумбрзински менувач со двојна спојка.

Жолтата карера 4С во најновата трка организирана од Каруау официјално забрзува од 0-100 км/ч за 3,4 секунди со спортплус пакетот. Што е уште поимпресивно, стугнува до 200 км/ч од место за 12,4 секунди. Максималната брзина е 306 км/ч.

Најновата итерација на ауди Р8 перформанс е единствениот автомобил со атмосферски мотор во трката, со фантастичниот 5,2-литарски V10 со 620 коњски сили под хаубата. Официјалното време од 0 до 100 е 3,1 секунда, а максималната брзина 331 км/ч.

Потоа тука е нисан ГТ-р низмо, со 3,8-литарски V6 со 600 коњски сили. Од 0 до 100 забрзува за нешто малку повеќе од 3 секунди, а Нисан не ја објавува официјалната бројка.

И на крај го имаме најверојатно најголемиот аутсајдер во ова друштво – БМВ М850и. Луксузното купе со четири седишта може да изгледа како лесна жртва за другите, но всушност добро се држи, благодарение на V8 моторот со две турбини кој дава 530 коњски сили. БМВ тврди дека времето од 0-100 км/ч е 3,7 секунди.

Победникот можеби не е изненадување, но затоа перформансите на некои од овие автомобили може да ве вџашат.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе