Три модели на Бугати вредни над милион евра буквално најдени во плевна (ФОТО+ВИДЕО)

Не баш често се случува да се откријат три (!) стари бугатија кои наводно биле скриени од страна на нивниот сопственик во стара плевна.

 

Белгискиот скулптор Аугуст Томасен ги купил трите автомобили на крајот на 1950-тите и почетокот на 1960-тите години, во периодот кога вредноста на овие автомобили била на самото дно. Скулпторот бил голем обожавател на дизајнот и изработката на Бугати, откри неговата ќерка за холандскиот весник Телеграаф.

Автомобилите – бугати тип 49 берлине од 1932 и тип 57 кабриоле од 1937 со специјално направени каросерии по нарачка, кои биле одржувани и возени секојдневно долги години, но има и тип 40 од 1929, кој Томасен сакал темелно да го реставрира по сообраќајка, но не го завршил проектот.

Љубовта на Томасен кон марката ја овековечил со бистата на Еторе Бугати која во моментов е изложена во Националниот автомобилски музеј во Франција.

Ќерката на сопственикот вели дека иако постојано добивал понуди од колекционери, нејзиниот татко одбивал да се раздели од автомобилите иако „семејството никогаш немало многу пари“.

По одредено време финансиската состојба го принудила Томасен да ги заклучи автомобилите во плевна во Белгија која ја користел и како студио.

Трите бугатија останале заклучени во плевната сѐ до минатата година, кога некој провалил во објектот, наводно во разузнавачка мисија за евентуална кражба. Томасен сега има 95 години и не може да вози, па била донесена тешка одлука: трите бугатија мора да заминат, заедно со ситроен торпедо од 1925 година кој бил заклучен во плевната со нив.

Трите автомобили ќе бидат понудени на аукција во Париз на 8 февруари, а експертите очекуваат заедно да добијат над милион евра. Највреден од трите е тип 57 кабриоле од 1937, за кој се очекува да се продаде за околу 600.000 евра.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе