Топ гиар и најдобрите Бонд автомобили (ВИДЕО)

Овие култни спортски модели се појавуваа во филмовите за британскиот таен агент 007 во изминатите 55 години.

До премиерата на најновиот филм од серијалот за Џејмс Бонд – „Нема време за умирање“, ни останува само еден месец. По тој повод, британски Топ гиарр реши на едно место да ги собере некои од најпознатите автомобили кои се појавиле на големото платно со Бонд.

Прв на тестот е астон мартин ДБ10, единствениот модел кој британската компанија го направи исклучиво за снимањето на филмот „Спектар“. ДБ10 беше и најава за серискиот астон мартин вантиџ кој дебитираше неколку години по филмот.

Топ гиар претстави уште еден познат автомобил на Бонд – родстерот БМВ зед8 од филмот „Светот не е доволен“ од 1999 година.

Моделот можеби не е толку препознатлив како моделите на Астон мартин, но е дело на славниот Хенрик Фискер, и секако заслужува да се најде во одбраното друштво.

Тука се и моделите астон мартин ДБС (1968), астон мартин V8 вантиџ (1986) и еден од најпопуларните Бонд автомобили на сите времиња – лотус есприт од седумдесеттите години на 20 век.

Нормално, тука е и неодминливиот астон мартин ДБ5 кој ќе се појави и во најновиот филм, чија британска премиера е закажана за 2 април.

Покрај најпознатиот Бонд автомобил, во филмот ќе видиме и други модели на Астон мартин, вклучувајќи ги V8 вантиџ и ДБС суперлегера, како и хиперспортскиот валхала.

Астон мартин валхала е сѐ уште во развојна фаза и допрва треба да ја има светската премиера, а за снимањето на филмот е употребена само каросеријата на овој автомобил, додека механичката основа е земена од постоечките модели на Астон мартин.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе