Во жестокото видео се појавуваат Круз, Дејвид Култхард и Марк Вебер возејќи три примероци од 992 генерацијата на порше 911 ГТ3 по патеката Силверстон, додека се обидуваат да рекреираат некои од сцените од филмот, но со автомобили.
Иако Том Круз нема ни слично тркачко искуство како Култхард и Вебер, тој во минатото има возено формула 1 на Ред бул.
Новиот 911 ГТ3 е еден од најдобрите спортски автомобили во моментов и има 4,0-литарски атмосферски шестцилиндерски боксер мотор со 502 коњски сили.
[video:https://youtu.be/LenR1mF5uI8 autoplay:0]





