Том Хенкс добива уникатна „пеглица“ од Полска (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Том Хенкс е една од малкуте холивудски ѕвезди кои стојат со двете нозе на земјата, а тоа го потврди и на почетокот на годината кога беше одушевен од „фиќовци“ и „пеглици“, па постираше фотографии овие автомобили на својот твитер профил.

 

Ова предизвика одушевување на социјалните мрежи, а една 42-годишна жена од Полска, Моника Јасколска, почна акција за собирање пари за на Хенкс да му се испрати еден примерок од легендарниот модел на Фиат, 126п.

Парите беа брзо собрани, а сѐ стана уште поинтересно кога во проектот се вмеша и компанијата Карлекс дизајн (Carlex Design) и ја доработи „пеглицата“.

Уникатната „пеглица“ треба наскоро да стигне кај Хенкс и тоа преку националната авиокомпанија ЛОТ, и тоа бесплатно.

Автомобилот има и плочка на која пишува „Бјелско-Бјала за Том Хенкс“ и „Еден од еден“ (“Bielsko-Biala for Tom Hanks”, “One of One”).

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе