Кој е подобриот клон?

Тојота супра против БМВ зи4 М40и (ВИДЕО)

Оставајќи ги настрана дебатите, или критиките за тоа дека тојота супра не е ништо повеќе од БМВ зи4 во поинакво пакување, јапонското спортско купе се покажа како вистинско откровение во тестовите.

Но каква е новата супра во споредба со моделот со кој ја дели платформата, БМВ зи4? Дечките од Тротл хаус решија да откријат и детално ги тестираа двата автомобили во обид да откријат кој е вистинскиот избор.

Нормално, тие решија да го одберат врвот на понудата на БМВ кога станува збор за зи4 – верзијата М40и која го има истиот 3,0-литарски турбобензинец со шест цилиндри во линија како супрата. И покрај разликата во сила (на северноамериканскиот пазар моделот на БМВ има 47 коњски сили повеќе од тој на Тојота), автомобилите се подеднакво подвижни и брзи. Супра дури го победи зи4 во спринт од 0-100 км/ч, иако со многу мала разлика.

Тојота ја има предноста пред БМВ и кога станува збор за возачкото доживување: звукот на издувот е повозбудлив и погласен, а додадената крутост на каросеријата е пожива низ свиоците. БМВ зи4 М40и е повеќе гранд турер отколку родстер. Има и подобар, посовремен интериер, кој е помалку клаустрофобичен, дури и со кренат покрив.

За жал, видеото не вклучува тестирање на двата спортски автомобили на тркачка патека туку на јавни патиша, што сепак е доволно за тестирачите да донесат едногласна одлука за тоа кој автомобил е подобар.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе