Тојота слави голем јубилеј – 10 милиони примероци на легендарниот теренец ленд крузер (ФОТО+ВИДЕО)

Тојота на крајот на август одбележа импресивен продажен резултат на својот најстар модел во гамата.

 

Легендарниот теренец, еден од најславните „офроуд“ автомобили во светот, се појави на пазарот на 1 август 1951 година со ознаката тојота џип БЏ.

Овој модел на почетокот им се продаваше само на јапонските купувачи, а само едвај стотина возила годишно се извезуваа на други пазари.

Со доаѓањето на моделот од серијата 20, во 1955 година почнува помасовен извоз на теренецот на Тојота, за до 1965 година јапонскиот произведувач годишно да извезува над 10.000 автомобили низ светот.

Тојота денес го продава ленд крузерот во 170 земји, а глобалната продажба годишно достигнува 400.000 примероци.

Благодарение на веќе легендарната издржливост и сигурност, ленд крузерот му помогна на јапонскиот произведувач да ја изгради својата репутација низ светот.

Во Тојота истакнуваат дека и ден денес, по половина век експлоатација, во употреба се наоѓаат голем број возила од славната серија 40 на ленд крузерот.

Ленд крузер серија 40 беше претставен во 1960 а се нудеа 4 верзии со различно меѓуоскино растојание, што овозможуваше голем број каросериски опции и надградби – од пикап верзии со еден ред седишта, до класични возила со тврд покрив и 3 реда седишта.

Производството на оваа генерација заврши во Јапонија во 1986 година, но серија 40 продолжи да се произведува сѐ до 2001 година во фабриката во Бразил, под ознаката тојота бандеиранте (или серија 50).

Серија 70 беше претставена во 1984 година во две основни верзии – хеви дјути (работно теренско возило) и лајт дјути (патничка верзија).

Тојота во 1996 на пазарот ја претстави серија 90, со која ленд крузер стана значително помодерен автомобил, а бројот не верзии беше потесен и всушност се состоеше од каросерии со 3 и 5 врати.

И покрај модернизацијата, ленд крузер ја задржа репутацијата на доверлив и издржил теренец и во 21 век.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе