Меѓутоа, повеќе од 14 години поминаа откако последната селика се симна од фабричките ленти во Јапонија, и сега веќе е јасно дека компанијата нема намера да направи нова, барем засега. Но, тоа не значи дека не можеме да погледнеме во историјата на спортското купе, која почнува во 1970 година.
Тојота селика ТА22: 1970 – 1977
Направена на истата платформа како седанот карина, првата генерација на селика, чие има потекнува од шпанскиот збор „селестијал“ или божествена, имаше независна предна и задна амортизација и погон на задните тркала. Силата доаѓаше од цела низа издржливи четирицилиндерски мотори со 1.400, 1.600, 1.900, 2.000 и 2.200 литри работна зафатнина, во комбинација со четири или петбрзински рачни менувачи или трибрзински автоматик.
Првите примероци во Европа пристигнаа во 1971, а врвот на понудата беше селика ГТ претставена селдната година, со 1,6-литарски мотор и два двојни карбуратори. Фејслифтот дојде во 1976, со „лифтбек“ каросерија додадена во понудата под ознаката 2000ГТ, како омаж на моделот на Тојота со тоа име од 1965.
Тојота селика ТА40: 1977-1981
Втората генерација на селика пристигна на крајот на 1977, како купе со две врати и лифтбек модел, но и со кабриолет верзија со ознака селика санчејсер.
Оваа итерација го задржа концептот мотор напред-погон одзади, се нудеше со поголем избор на мотори, два петбрзински рачни менувачи и два автоматици – со три и четири брзини.
Тојота селика ТА60: 1980-1985
Со првиот јапонски големосериски 16-вентилски мотор под хаубата, третата генерација на селика се појави во 1981, во три каросериски изведби: купе со две врати, кабриолет со две врати и лифтбек со три врати.
Понудата на мотори беше уште повеликодушна, а во зависност од изборот на мотор, купувачите можеа да бираат меѓу четирибрзински автоматски или петбрзински рачен менувач. Оние што сакаа повеќе сила можеа да ја изберат селика супра 2,8и со 170 коњски сили од шестцилиндерскиот мотор.
Тојота селика ТА160: 1985-1989
За четвртата генерација на селика, Тојота ги задржа трите каросерски изведби и концептот мотор напред-погон позади, но додаде и верзија со погон на сите тркала, селика ГТ-фор. Рели верзијата на моделот ја катапултираше јапонската компанија до серија од победи во Светскиот рели шампионат (ВРЦ), додавајќи му популарност на спортскиот модел.
Тојота селика ТА180: 1989-1993
Рели успехот продолжи со петтата генерација, која освои три возачки и две произведувачки титули во ВРЦ од 1992 до 1994.
Новата итерација продолжи да се нуди со погон на сите тркала, но се префрли на погонски систем 4х4 пристрасен на предната оска, додека поевтини верзии имаа само преден погон.
Тојота селика ТА2000: 1993-1999
Можеби најпознатата верзја на селиката, шестата генерација исто така имаше погон на сите четири тркала, четирибрзински автоматски или петбрзински мануелен менувач и избор од четирицилиндерски мотори.
Покрај вообичаеното купе со две врати, имаше и кабриолет и лифтбек верзии.
Тојота селика ТА230: 1999-2006
Продавана само како лифтбек со три врати, последната селика беше базирана на ем-це платформата на Тојота, која ја делеше со многу модели, вклучувајќи г корола, приус и рав4.
Исто така имаше погон на предните тркала, но со избор од само два мотори и три менувачи – два рачни со пет и шест брзини, и еден автоматски со четири брзини.